home Все Новости open_in_new Подробнее

Тошковски: Во дискотеката имало околу 500 лица, биле продадени околу 250 карти

Во дискотеката, согласно првичните информации што го имаме, имало околу 500 лица, некаде околу 250 карти биле продадени, согласно информациите што ги имаме добиено, објави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес-конференција попладнево. Министерот Тошковски попладнево изјави дека повеќе од 20 лица се осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животите ги загубија 59 луѓе, а над 150 се повредени. Според него, во полициската станица се приведени околу 15 лица, меѓу кои има и поранешни функционери од Министерството за економија и Дирекцијата за заштита и спасување. Македонија денес плаче, но правдата ќе биде задоволена. Ќе има одговорност за секој кој е вмешан во оваа трагедија“, порача Тошковски. Истражните органи продолжуваат со собирање докази, а се најавуваат и нови приведувања во наредните денови.



Во дискотека во Кочани се случил пожар во кој загинаа 59 луѓе, а над 150 се повредени. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека во дискотеката имало околу 500 лица, а биле продадени околу 250 карти. Повеќе од 20 лица се осомничени за пожарот, а околу 15 се приведени, меѓу кои и поранешни функционери.

today 60 ч. назад attach_file Разное

attach_file Разное
attach_file Разное
42 ч. назад Тошковски: Пожарот во дискотеката настанал од употребата на пиротехнички средства
attach_file События
attach_file Разное
60 ч. назад Тошковски: Во дискотеката имало околу 500 лица, биле продадени околу 250 карти
attach_file Разное
attach_file События
attach_file Культура
61 ч. назад Тошковски ги откри најновите детали за бројот на починати и повредени: Македонија плаче, но одговорност ќе има
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Разное


ID: 3324653136
Add Watch Country

arrow_drop_down