3 недель назад
Велигденските пости претставуваат грижа и за духот и за телото
Од втори март започнаа велигденските пости кои за православните христијани претставуваат најважниот пост во годината. Сè до крајот на април, односно до Велигден, верниците ќе ја ограничат својата исхрана и нема да консумираат месни и млечни производи. Во овој период, оние кои постат ќе консумираат најмногу овошје и зеленчук, но и производи кои во себе не користат млечни производи, месо и продукти направени од нив. Но, за многумина, не е лесно да се пронајдат оброци кои ќе нè држат сити секој ден и до крајот на постот. Каде да пронајдете посни производи? Низ Скопје, а и ширум земјата, сè повеќе ресторани и специјализирани продавници нудат здрава и веганска исхрана. Ваквите локали се идеални за лицата кои посветено постат и бараат идеи за оброк. Покрај веганските ресторани во кои менијата се преполни со посни оброци, маркетите, исто така, нудат цели рафтови со храна која е посна, особено во овој период. Интересно, популарните dm дрогерии имаат свој оддел со здрава храна каде што ќе пр...
Разное