55 ч. назад
ЕУ е подготвена да предложи нови санкции кон Иран и да ја прогласи Иранската револуционерна гарда за терористичка организација
Европската унија е подготвена да предложи нови построги санкции поради насилното задушување на демонстрациите во Иран, како и вклучување на Иранската револуционерна гарда на својата листа на терористички организации, најави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Ануар ел Ануни. - Европската Унија има правна рамка насочена кон санкционирање на сторителите на низа прекршувања и злоупотреби на човековите права, врз основа на која во изминативе години се преземени мерки против одреден број субјекти и поединци во Иран, рече Ел Ануни. Кога станува збор конкретно за санкционирање на Иранската револуционерна гарда, тој потсети дека таа е веќе опфатена во целост со режимот на санкции поврзани со забраната за ширење на оружјето за масовно уништување, а нејзини претставници се и под санкции поради кршење на човековите права, поврзаност со иранската нуклеарна и балистичка ракетна програма, како и за поддршка на руската агресија против Украина. - С...
Экономика