home Все Новости open_in_new Подробнее

Трамп за царинската политика: САД сакаат да прават тенкови и бродови, а не патики и чорапи

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговата царинска политика е насочена кон промовирање на домашното производство на тенкови и технолошки производи, а не на патики, чорапи и маици. Во изјава за новинарите пред да се качи во претседателскиот авион во Њу Џерси, Трамп рече дека се согласува со изјавата на американскиот секретар за финансии Скот Бесант од 29 април дека на САД не им е нужно потребен „бум во текстилната индустрија“, коментари што предизвикаа критики од Националниот совет на текстилни организации. „Не сакаме да правиме патики и маици. Сакаме да правиме воена опрема. Сакаме да правиме големи работи. Сакаме да користиме вештачка интелигенција. Искрено, не сакам да правам маици. Не сакам да правам чорапи. Можеме да го направиме тоа многу добро на други локации. Сакаме да правиме чипови и компјутери и многу други работи, како и тенкови и бродови“, рече Трамп.  (МИА)


today 46 ч. назад attach_file Политика

46 ч. назад Трамп за царинската политика: САД сакаат да прават тенкови и бродови, а не патики и чорапи
attach_file Политика
attach_file Разное
attach_file Политика
3 недель назад Трамп: Нема да ги укинам царините за Кина за да го доведам Пекинг на преговарачка маса
attach_file Разное
attach_file Политика
attach_file Наука
4 недель назад Администрацијата на Трамп ги ублажува царините за автомобилски делови
attach_file Транспорт


ID: 3006346056
Add Watch Country

arrow_drop_down