3 недель назад
Мицотакис ќе ги посети Рамала и Ерусалим и ќе учествува на трилатералниот самит Грција – Кипар
Стратешките односи меѓу Грција и Израел, како и зајакнувањето на трилатералната соработка Грција -Кипар-Израел во одбраната, безбедноста, енергетиката, поврзаноста, цивилната заштита, иновациите, се очекува да бидат потврдени со посетата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на Ерусалим, брифираат грчки владини извори, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис денеска ќе ја посети и Рамала каде што ќе се сретне со претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абас, а потоа ќе отпатува за Ерусалим на средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по што ќе се одржи и трилатералната средба со учество и на кипарскиот претседател Никос Христодулидис. За палестинското прашање, грчките владини извори потсетија дека цврстата позиција на Грција е решението со две држави, а паралелно посочија дека земјата е подготвена да придонесе за следниот ден од мировниот план за Газа, како на хуманитарно ниво и преку учество во обновата, така и преку можно учеството во Меѓународните сили за ст...
Разное