неделю назад
Калас: За да го одвратиме агресорот, мора да ја зајакнеме одбраната
Ако инвестираме доволно во одбраната и ако ги зајакнеме одбранбените капацитети, со тоа ќе го одвратиме агресорот од напади, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика пред почетокот на денешниот Самит на Европската Унија во Брисел. - Ако не го правиме тоа, слабоста го повикува агресорот да не нападне. Затоа мора да направиме повеќе за да не дозволиме да се случи тоа, додаде Калас. Таа нагласи дека ја поздравува најавата на американскиот претседателот Трамп дека САД се обидуваат да обезбедат дополнителна противвоздушна одбрана за Украина, додавајќи дека тоа е исклучително важно, па затоа на денешниот Самит ќе се разговара за тоа што ЕУ може повеќе да направи за поддршка на Киев, но и за сопствената одбрана. - Ако ги слушате изјавите на лидерите, тогаш поддршката е голема и тоа треба да се види и со дела, со бројки, со реална муниција што и е потребна на Украина. Затоа, навистина се надевам дека тоа ќе го придвижиме напред, рече Калас, додавајќи а...
Разное