home Все Новости open_in_new Подробнее

Трет пораз на ЕП за младинската женска ракометна репрезентација на Македонија

Женската младинска ракометна репрезентација на Македонија го претрпе третиот пораз во групата А на Европското првенство што се игра во Подгорица, Црна Гора. Поуспешни денеска од нашите ракометарки во третото коло беа врсничките од Чешка, кои славеа победа со 41:24 (18:10). Ова беше трет пораз за Македонија во групата и до крајот на шампионатот македонските ракометарки ќе разигруваат за пласман од 13-24.место. Фаворитската улога Чешка ја покажа на самиот старт на натпреварот и дојде до водството од 9:1, а на почетокот на вториот дел првпат поведе и со двоцифрена предност 21:11. Конечните 41:24 беа и најубедливата предност за Чешка, која со три победи го освои првото место во групата. Михаела Крапкова од Чешка со 10 голови беше најефикасна на натпреварот, додека кај Македонија Леона Милековска постигна пет голови. По комплетирањето на натпреварите од третото коло од групите ќе бидат познати и противниците на Македонија во следните натпревари. (МИА)


today 5 ч. назад attach_file Разное

5 ч. назад Трет пораз на ЕП за младинската женска ракометна репрезентација на Македонија
attach_file Разное
attach_file Политика
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Политика
3 недель назад Македонските млади ракометари загубија од Фарски острови на стартот на СП
attach_file Разное
attach_file Спорт
attach_file Спорт


ID: 3247996906
Add Watch Country

arrow_drop_down