8 дн. назад
Од денес достапна „Македонска држава“ – дигитална ризница на македонското историско наследство
Денес започнува со работа „Mакедонска држава”, најголемата дигитална библиотека за македонското историско наследство. Платформата стартува со повеќе од 300 поставени примероци на електронски книги, историски документи и истражувања кои опфаќаат повеќе од 150 години македонска историја, култура и поезија. Зад платформата стои група млади ентузијасти и љубители на македонското културно наследство, кои во изминатиот период вложија многу труд за да ги соберат, дигитализираат и систематизираат достапните материјали од различни библиотеки, архиви, приватни збирки и јавни извори. Нивната визија е едноставна, македонската историја и култура да бидат зачувани и споделени со сите преку оваа дигитална архива. „Македонска држава“ е замислена како постојано растечка дигитална архива чија цел е да ги поврзе истражувачите, учениците, професорите, новинарите и сите што ја негуваат љубовта кон македонската историја и култура во заедница што активно го чува и пренесува националното наследство. Со ред...
Культура