home Все Новости open_in_new Подробнее

Турската полиција приведе 97 студенти кои протестираа против исламски проповедник

Во Истанбул вчера се приведени 97 студенти кои протестираа поради конференцијата на исламскиот проповедник Нуредин Јилдиз во кампусот на Универзитетот Богазичи. Студентите протестираа поради учеството на проповедникот Јилдиз, кој има контроверзни ставови за раните бракови. Конференцијата била во организација на Студентскиот клуб на Универзитетот. Вкупно 97 студенти се приведени откако се обиделе да ја преминат полициската блокада на кампусот, при што се повредени 13 полицајци откако паднале во петметарска градежна дупка за време на судирите. Изминатите години турските студенти и универзитетскиот кадар често протестираат, како што тврдат, поради мешањето на Владата во академскиот живот. Турските студенти изминатите месеци протестираа и поради апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој се смета за главен политички ривал на претседателот Реџеп Тајип Ердоган. (МИА)


today 2 недель назад attach_file События

неделю назад Ле Пен: Споделувам иста цел со Израел – за искоренување на Хамас, имаме заеднички непријател
attach_file Разное
2 недель назад Турската полиција приведе 97 студенти кои протестираа против исламски проповедник
attach_file События
attach_file Разное
3 недель назад Претседателот на Сирија денеска во Париз, на прво патување во Европа по падот на Ал Асад
attach_file Экономика
attach_file События
3 недель назад Пред 34 години во Сплит загина кавадарчанецот и војник Сашко Гешовски
attach_file Разное
attach_file События
attach_file Общество
attach_file События


ID: 123668114
Add Watch Country

arrow_drop_down