home Все Новости open_in_new Подробнее

Убиство во Старата чаршија за време на новогодишната ноќ, МВР со детали

Едно лице го загуби животот, а друго е тешко повредено во крвав инцидент што се случи во првите часови од Новата година во Старата скопска чаршија. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 1 јануари 2026 година во 01:11 часот во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка пред угостителски објект во Старата скопска чаршија, при што биле употребени остри предмети. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот, каде што со повреди од остар предмет биле пронајдени две лица – А.М.Д. (22) и Ч.Е. (23), двајцата државјани на Турција. Кај А.М.Д., во 01:30 часот, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, додека второто повредено лице било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување медицинска помош. За настанот бил известен надлежен јавен обвинител, а од МВР информираат дека се преземаат интензивни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со убиството.


today неделю назад attach_file Разное

attach_file Культура
attach_file Культура
неделю назад Расчистено убиството во Старата скопска чаршија: Убиецот приведен – ова се деталите
attach_file Разное
attach_file Разное
неделю назад Убиство во Старата чаршија за време на новогодишната ноќ, МВР со детали
attach_file Разное
attach_file Экономика


ID: 2098547061
Add Watch Country

arrow_drop_down