home Все Новости open_in_new Подробнее

Украински дронови во текот на ноќта запалија резервоари за нафта во Краснодар

Во украински ноќен напад со беспилотни летала, запалени се резервоари со нафтени деривати во пристанишниот град Темрјук, во јужниот руски регион Краснодар, соопштија денеска властите на градот на Азовското Море. Пожарот зафати површина од 2.000 квадратни метри во градот на полуостровот Таман, соопштија тие. Десетици пожарникари и службеници за цивилна заштита работеа на локализирање на пожарот. Градот беше цел на сличен напад со беспилотни летала и ноќта меѓу 4 и 5 декември. Украина постојано напаѓа руски нафтени постројки со цел да го наруши снабдувањето со гориво за руските сили што се борат на украинска територија, но исто така и да го одземе важен извор на приход за руската економија. Руското Министерство за одбрана во Москва објави дека воздушната одбрана во текот на ноќта пресретнала и уништила 141 украински дрон. Најтешко погоден е Брјанскиот регион на границата со Украина. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, исто така, пријави голем број соборени дронови.


today 2 недель назад attach_file События

attach_file Разное
18 ч. назад Украина и Русија со нови напади со дронови, штети во Ростов и Криви Рих
attach_file События
38 ч. назад Украинските сили погодија фабрика за дронови во руската област Ростов
attach_file Общество
attach_file События
attach_file События
attach_file Политика
attach_file События
attach_file События
attach_file Политика
attach_file События
2 недель назад Парализиран воздушниот сообраќај во Москва од нападите на украински дронови, откажани 300 летови
attach_file События
attach_file События
2 недель назад Украински дронови во текот на ноќта запалија резервоари за нафта во Краснодар
attach_file События
attach_file События
attach_file Экономика
attach_file События
attach_file Политика


ID: 1079659994
Add Watch Country

arrow_drop_down