3 недель назад
Меџити: Каналот и детската градинка во Ченто стануваат реалност
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска заедно со претседателот на Собранието Африм Гаши, министерот за социјална работа, демографија и млади Фатмир Лимани и градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, беше во посета на скопската населба Ченто каде најави наскоро започнување на два капитални проекти, информираат од МЖСПП. -Ветување неисполнето со години од минатите влади сега станува реалност! Хасанбег конечно ќе ги добие атмосферскиот канал и државната детска градинка кои одамна беа ветени, но никогаш реализирани, изјавил Меџити. Тој додал дека страшните поплави во 2016 година однесоа 23 животи и уништија домови, земјишта и бизниси. -Но, тогашната влада не ги презеде неопходните мерки за да спречат слични трагедии во иднина. Недостатокот на соодветна дренажа беше еден од главните фактори за катастрофалните штети. Сега, оваа грешка ќе биде исправена, рекол Меџити. Тој најавил дека оваа значајна инвестиција, вредна 38 мил...
Разное