неделю назад
Арбен Таравари ја достави оставката, му било чест да работи за владата
Арбен Таравар ја достави својата оставка до претседателот на владата, Христијан Мицкоски. „Со ова писмо Ве известувам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата Министер за здравство на Република Северна Македонија. Одговорноста што ја преземав со оваа функција ја извршував со максимална посветеност, транспарентност и чувство за должност кон граѓаните и државата. Одлуката ја носам по внимателна, лична и професионална проценка, уверувајќи дека овој чекор е во најдобар интерес и за институцијата и за моите лични принципи. Ви благодарам за довербата и можноста да бидам дела од Владата во еден исклучително значаен период за здравствениот систем. Останувам отворен за соработка и поддршка во иднина секогаш водејќи се од јавниот интерес“, стои во оставката. Во Собранието веќе се лицитира колкумина од петте пратеници ќе останат во Алијанса, предводена од Таравари, а колку од нив ќе преминат во Вреди, но и колкумина од опозицискиот Европски фронт, предводен од ДУИ, ќе се приклучат к...
События