неделю назад
Шкупи и Вардар во Струмица го отвораат четвртото прволигашко коло
Со натпреварот меѓу Шкупи и Вардар денеска ќе стартува 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) Натпреварот ќе се одигра во Струмица со почеток во 16:30 часот, откако стадионот на Шкупи во Чаир не ги исполнува потребните критериуми за одигрување прволигашки натпревари. Шкупи ќе се обиде да го изненади реалниот фаворит, додека за Вардар ова дерби, поради условите, нема да има тежина и атмосфера како што вообичаено би имало на едно големо градско дерби. „Пред сè, мислам дека нè очекува тежок меч. Шкупи е Шкупи, и во каква и да е ситуација да се наоѓа, тој секогаш е сериозен ривал за нас. Ние сме фокусирани единствено на едно, победа. Ако бидеме на нивото на кое знаеме, бодовите ќе дојдат сами по себе. На последниот меч не бевме на потребното ниво и одигравме неочекувано 2:2 на домашен терен со Брера, па сега мислите ни се насочени единствено кон победа“, изјави фудбалерот на Вардар, Михаил Маневски за официјалниот сајт на ФФМ. „Направивме анализа, увидовме каде грешиме и ден...
Разное