неделю назад
Андоновски: Зголемена соработка меѓу Македонија и Италија во областа на иновациите и технолошкит развој
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска, во рамки на македонско-италијанскиот бизнис форум ги претстави националните заложби во областа на технолошките иновации, дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. На форумот беше истакната посветеноста на Македонија кон исполнување на реформската агенда на Европската Унија, при што новите реформски закони, особено Законот за сајбер безбедност, како што беше речено, се силен доказ за заложбите на државата во заштита на граѓаните во дигиталниот простор и унапредување на технолошката отпорност. На маргините од форумот, беше остварена и значајна билатерална средба со Мариа Триподи, заменик-министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија. На средбата беа разгледани клучни прашања од политичко и економско значење на двете земји, при што беше потенцирано стратешкото партнерство меѓу Македонија и Италија и продлабочување на соработката во дигитализацијата, трговската размена и политичката поддршка. Во...
Общество