Почесна артилериска стрелба по повод 18 Август, Денот на Армијата, беше извршена денеска во 19 часот во касарната „Илинден“ во Скопје. Единицата на артилерискиот баталјон на Армијата ја изврши почесната стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија. Централната свеченост по повод Денот на АРМ ќе се одржи утре во касарната „Јане Сандански“-Штип, во присуство на највисокиот воен и државен врв. Со пригоден говор на присутните ќе им се обратат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски. На централната свеченост ќе бидат построени и новопромовирани 26 потпоручници и 149 подофицери. За време на централната свеченост, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе го одликува со „Орден за воени заслуги“ Центарот за обука на питомци и офицери кој е дел од Командата за обука и доктрини. На свеченоста се поканети и се очекува да присуствуваат Претседателот на Владата, Христијан...