6 дн. назад
Фриком: Ветуваме дека ќе ви го вратиме вкусот на летото многу брзо
Магацинот на компанијата Фриком беше зафатен од пожар кој деновиве беснееше во скопско, а денеска се огласија од компанијата. -Летото е за создавање убави спомени, патувања, бакнежи и сладоледи. За жал ова лето нашата Македонија се бори со огнени стихии. Пожарите што ја зафатија земјата, не го поштедија ни вашиот Фриком. Магацинот, од каде до секој фрижидер стигнуваат вашите омилени производи, е целосно изгорен. Тоа значи дека во наредниот период можеби нема да ги најдете Капри, Мачо или Кинг во маркетите близу вас. Најважно е дека нема повредени и настрадани и дека сите наши вработени се безбедни. Ни тежи на душата, не само како компанија, туку и како дел од оваа земја. Ние сме тука, дел од оваа заедница со децении, не само на етикетите туку и со срцето. Но, нема откажување. Ова лето ќе создаваме спомени за храброста, заедништвото и опстојувањето, спомени за пожарникарите на кои сме им бескрајно благодарни, спомени за волонтерите, за соседите што си помагаат едни на други во гаснењ...
Разное