Директорот на Универзитетската Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби, Фадил Цана денеска во изјава за медиумите информира дека синоќешниот пациент примен на нивната клиника со потврден позитивен резултат на мајмунска сипаница е во добра општа здравстена сосотоја и му се прават дополнителни иследувања. -Синоќа некаде пред полноќ се јавил пациент со резултат од Институтот за јавно здравје за потврден случај со присуство на мајмунски сипаници. Пациентот е прегледан и во тој момент немал никаква клиничка слика што би упатила на таква болест, но бидејќи тоа што имаме потврден лабораториски случај по напатствијата и протоколите треба да е под опсервација. Пациентот прифати да биде хоспитализиран и е во добра општа здравствена состојба. Дури и не прашува зошто е задржан, но заради тоа што треба да биде опсервиран и да биде под наше набљудување и да се направат дополнителни иследувања, пациентот прифати да биде кај нас. Пред малку јас го посетив пациентот и тој е во одлична здра...