10 ч. назад
Пред куќата на убиствата во Прилеп полицијата имала престрелка со убиецот
Големата трагедија што ја потресе јавноста во која синоќа беа убиени 43-годишен татко и неговиот малолетен, 11-годишен син, а нивниот роднина што ги убил потоа се самоубил, се одвивала престрелка со полицијата, бидејќи сторителот не сакал да се предаде. Како што информира Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола, полицијата пристигнала веднаш откако вознемирената сопруга и мајка на убиените пријавила синоќа во 21: 20 часот дека со часови ги нема нејзините најблиски и смета дека се кај вујкото на сопругот, 63 годишниот прилепчанец со иницијали П.Ѓ. -Полициските службеници извршиле проверка во домот на сторителот, но никој не ја отворал вратата. По наредба од јавен обвинител, полициските службеници со употреба на сила, ја отвориле вратата и кога влегле во куќата, едно лице фрлило бомба кон нив која почнала да чади, но не експлодирала. Откако полициските службеници излегле од куќата, било пукано кон нив, а тие возвратиле од службено оружје, пукајќи кон куќата, изјави Стаматова. Според С...
События