home Все Новости open_in_new Подробнее

Чoлаку: Мирот во Украина може да се постигне само со помош на САД

Романскиот премиер Марсел Чолаку во врска со мировните преговори во Украина изјави денеска дека не се важни острите моментални изјави на светските лидери, туку праведен и траен мир во оваа земја, кој може да се постигне само со помош на САД. „Би сакал да имаме реакција на најважната тема во светот: мировните преговори во Украина. За мене, а мислам и за повеќето Романци, не се важни острите моментални изјави на светските лидери, туку крајната цел - праведен и траен мир во Украина. Мирот може да се постигне само со помош на стратешкиот партнер на Романија – Соединетите Американски Држави“, рече романскиот премиер на почетокот на денешната владина седница. Чолаку истакна дека мирот ќе доведе до намалување на цените на енергијата и гасот, како и до економско закрепнување низ Европа. „После од витално значење е да се учествува во обновата на Украина - проект вреден над 500 милијарди евра, од кој романските компании треба да добијат што е можно повеќе“, рече романскиот премиер.  (МИА)


today 62 ч. назад attach_file Разное

11 ч. назад ЕУ подготвува воена помош за Украина во вредност од 20 милијарди евра
attach_file Разное
attach_file Политика
attach_file Разное
62 ч. назад Чoлаку: Мирот во Украина може да се постигне само со помош на САД
attach_file Разное
attach_file Политика
attach_file События


ID: 2437312478
Add Watch Country

arrow_drop_down