home Все Новости open_in_new Подробнее

Четири лица загинаа во пожар во Ремс, предизвикан од електричен тротинет

Четири лица загинаа во пожар во десеткатница во францускиот град Ремс, за кој се претпоставува дека избувнал поради дефект на батеријата од електричен тротинет, соопштија локалните власти. Тринаесетгодишно момче загинало откако скокнало од прозорец на четвртиот кат каде што избувнал пожарот во петокот наутро. Во истиот стан било пронајдено изгорено тело, за кое се претпоставува дека е неговиот 15-годишен брат, изјави обвинителот на Ремс. Осумдесет и седумгодишна жена и нејзиниот 59-годишен син, кои живееле на осмиот кат, се задушиле од чадот. Тешко се повредени уште две лица, меѓу кои и вториот татко на загинатите деца, кој има сериозни изгореници. Вкупно 26 лица се хоспитализирани со полесни повреди. Обвинителот рече дека „нема сомнеж“ дека пожарот избувнал ненамерно, поради електричен тротинет која се запалил од засега непозната причина. „Пожарите предизвикани од батерии се исклучително тешки за гаснење“, нагласи тој. Пожарникарите се бореле со огнот повеќе од три часа.


today 3 недель назад attach_file События

attach_file Разное
attach_file События
attach_file События
attach_file События
3 недель назад Четири лица загинаа во пожар во Ремс, предизвикан од електричен тротинет
attach_file События
attach_file События
attach_file События
attach_file Общество
attach_file Культура
attach_file Разное
attach_file Наука
4 недель назад 2.164 казни: 521 „летач“ и 85 ПИЈАНИ ВОЗАЧИ за само три дена
attach_file Наука


ID: 3954243022
Add Watch Country

arrow_drop_down