36 ч. назад
НБ: Годишен раст од 11,0% на вкупните депозити и од 11,3% на вкупната кредитна поддршка
Вкупните депозити во јануари на годишно ниво бележат зголемување од 11,0%, во поголем дел поради растот на депозитите на домаќинствата, но и на корпоративниот сектор. Вкупните кредити, пак, бележат раст од 11,3% како резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор, соопшти Народната банка. - Во јануари 2025 година, паричната маса е намалена за 1,6% на месечна основа, пред сè како резултат на падот на депозитните пари, при негативен придонес и на краткорочните депозити и на готовите пари во оптек. На годишно ниво, паричната маса бележи зголемување за 9,1%, поради растот на депозитните пари, долгорочните депозити до две години, готовите пари во оптек и краткорочните депозити. Вкупните депозити во јануари бележат месечен пад од 1,3%, во целост како резултат на намалените депозити на корпоративниот сектор, додека депозитите на секторот домаќинства се зголемуваат. Споредено на годишно ниво, вкупните депозити остварија раст од 11,0%, к...