3 дн. назад
Концерт на џипси музика „Дијалози со Џанго Рајнхарт“ под диригентската палка на Тимоти Редмонд
Во камерната сала на Македонската филхармонија, во организација на Фејмс Институтот, вечерва ќе се одржи уникатен музички спектакл насловен „Дијалози со Џанго Рајнхарт“ кој ќе ја спои магијата на џипси музиката со модерниот оркестарски израз. Под диригентската палка на реномираниот диригент Тимоти Редмонд, концертот ќе понуди богата програма која опфаќа различни музички жанрови, а е инспирирана од џипси музиката. Како што информираат од Институтот „Фејмс“, на програмата на концертот ќе бидат изведени дела од Лист, Бизе, Брамс, Барток, Штраус, како и современи дела инспирирани од џипси музиката. Специјален акцент ќе биде ставен на композициите кој ќе ги изведе виолинистот Федерико Натан, кој ќе настапи како солист, заедно со гитаристот Жереми Шакр и музичарите Јакопо Мезаноти, Иван Бејков и Филип Динев. Програмата вклучува класични ремек-дела како „Втората унгарска рапсодија“ на Лист, избор од „Кармен“ свитата на Бизе и „Романските танци“ на Барток, но и модерни аранжмани на делата н...