2 недель назад
Изложба со слики на Рембрант и други холандски сликари, на 750
Одбрани 75 дела во приватна сопственост, од холандски стари мајстори на уметноста, меѓу коишто се и 18 со потпис на Рембрант, ќе бидат изложени по повод 750-годишнината од основањето на Амстердам. Изложбата насловена „Од Рембрант до Фермер, ремек-дела од збирката Лајден“ во музејот „Х'АРТ“ во центарот на холандската престолнина, ќе биде отворена денеска. Музејот ја опишува изложбата како „уникатен и интимен поглед на Холандија од 17. век низ очите на големите холандски мајстори“, меѓу кои и Рембрант Херменсон ван Рајн и Јоханес Фермер. Меѓу уметничките дела има и слика на Марија Шалкен, една од ретките жени кои во своето време биле признаени како сликари. Од помалку познатите уметници чии дела ќе бидат изложени се Франс Халс, Јан Стин, Фердинанд Бол, Жерар Доу и Франс ван Миерис. https://youtube.com/shorts/UtdtcAvX80g?si=xbZhSclIf022g9t8 Toj 17. век се смета за своевидна златна ера на холандската уметност и купувањето дела од страна на сладокусците. Изложбата го прикажува животот во...
Экономика