home Все Новости open_in_new Подробнее

Муцунски: Фокус на средбата беше економска соработка и зголемување на трговската размена

Министерот за надворшени работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска го примил на средба амбасадорот на Република Албанија, Денион Мејдани. На средбата, како што објави на неговиот фејсбук профил Муцунски, разговарале за важноста од интеграцијата на регионот во Европската унија, нагласувајќи дека успешното заокружување на европската перспектива на земјите од Западен Балкан ќе придонесе за зајакнување на регионалниот развој, стабилност и безбедност. - Заеднички ја реафирмиравме нашата заложба како соседни земји и НАТО-сојузнички да продолжиме со интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес, напиша Муцунски. Во фокусот биле и можностите за унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на економската соработка, зголемување на трговската размена и реализација на инфраструктурни проекти што ги поврзуваат нашите граѓани. Муцунски на ФБ објави дека на средбата биле разменети мислења и за актуелни регионални и меѓународни прашања од заеднички интерес.


today 3 недель назад attach_file Разное

3 недель назад Муцунски: Фокус на средбата беше економска соработка и зголемување на трговската размена
attach_file Разное
attach_file Разное
3 недель назад Средба на министерот Муцунски со казахстанскиот министер за надворешни работи
attach_file Разное
3 недель назад Работна посета на министерот Муцунски во Казахстан: Фокус на економската и политичка соработка
attach_file Политика
attach_file Разное
attach_file Разное
прошлый месяц Муцунски со благодарност за поддршката на Франција за Кочани
attach_file Разное


ID: 303374187
Add Watch Country

arrow_drop_down