12 ч. назад
ВРЕДИ: Им честитаме на православните и католичките верници Велигден
Почитувани православни и католички верници, ве молиме прифатете ги нашите најискрени честитки за големиот празник Велигден со желби и молитви за среќна прослава во вашето семејството, благосостојба, здравје, радост и среќа. Овој викенд е посебен за православните и католичките верници ширум светот. Ова се денови на приближување еден до друг, но и на доверба меѓу нас. Како празник на воскресението и обновувањето, Велигден е симбол на жртва и надеж, на нови почетоци. Во духот на овој благословен ден за овие верници на воскресението на животот и надежта, да размислиме дека без разлика на нашите религиозни убедувања, обединети сме во највисоките човечки вредности на хуманоста, пожртвуваноста, љубовта и солидарноста. На вас и на сите граѓани ви посакуваме добро здравје, мир и духовна удобност во овие празнични денови. Како општество и како држава сме поминале низ тешки времиња, но на верските празници секогаш сме биле обединети и тоа ни докажа дека кога ќе се собереме, ја надминуваме секо...
Разное