home Все Новости open_in_new Подробнее

Папата Франциск помина мирна ноќ во болница, соопшти Ватикан

Папата Франциск помина „мирна ноќ“ во болница, објави Ватикан, на 27-от ден од хоспитализацијата на поглаварот на Римокатоличката црква, кој боледува од двострана пневмонија. Вчера беше објавено дека 88-годишниот папа повеќе не е во животна опасност и е во стабилна состојба, со мало подобрување. Сепак, лекарите во болницата Гемели во Рим не се обврзуваат на датумот за отпуштање на папата, кој беше хоспитализиран на 14 февруари со бронхитис кој прерасна во двострана пневмонија. Франциск веќе бил ослабен поради голем број здравствени проблеми - прекумерна тежина и болки во колената. Тој беше опериран на желудникот и дебелото црево и пати од повторливи респираторни проблеми. На папата му го отстраниле горниот дел од десното белодробно крило кога имал 21 година. Неговите здравствени проблеми доведоа до обновени разговори за неговата способност да ги извршува своите должности и шпекулации за можна оставка.



Папата Франциск помина мирна ноќ во болница, но останува хоспитализиран поради двострана пневмонија. Не е во животна опасност и е во стабилна состојба, но датумот на отпуштање не е познат. Неговите здравствени проблеми поттикнаа шпекулации за неговата способност да ги извршува своите должности.

today 6 дн. назад attach_file Разное

6 дн. назад Папата Франциск помина мирна ноќ во болница, соопшти Ватикан
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Разное
2 недель назад Ватикан: Папата Франциск и денеска е во критична состојба, поминал мирна ноќ
attach_file Экономика
attach_file События
3 недель назад Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија
attach_file Экономика


ID: 129735066
Add Watch Country

arrow_drop_down