home Все Новости open_in_new Подробнее

Скопје денеска со трета највисока температура во Европа – 41,7°C

Скопје денеска се најде на третото место меѓу најтоплите градови во Европа, каде во периодот од 14 до 15 часот се измерени 41,7 степени Целзиусови во скопското село Петровец, објави метеоролошкиот портал „Огимет“, кој собира метео податоци од целиот свет. На првото место беше турскиот град Ајдин со 42,6 степени, а на второ место Фетие, исто така во Турција, со 41,7 степени. Топлинскиот бран го зафати и останатиот дел од Турција, каде температурата надмина 41 степен во уште пет градови: Урфа (41,4°C), Анталија (41,3°C), Дикили (41,2°C), Измир (41,2°C) и Маниса (41,2°C). Зад Скопје, со ист степен на жештина (41,2°C), се најдоа и Мерида (Шпанија) и Сер (Грција). Во светски рамки, денеска највисоката температура е измерена во Кувајт – 47,2°C, додека најстудено беше во руската антарктичка база Восток со -75,5°C. Според „Огимет“, најмногу дожд наврна во Индија, најсилен ветер дуваше на Гренланд, а најтоплото место по просек во последните 24 часа беше населбата Џалони во Оман, со 44°C.


today 4 дн. назад attach_file Экономика

attach_file Общество
attach_file Общество
attach_file Общество
attach_file Экономика
4 дн. назад Скопје денеска со трета највисока температура во Европа – 41,7°C
attach_file Экономика
attach_file Разное
3 недель назад Средба на министерот Муцунски со казахстанскиот министер за надворешни работи
attach_file Разное
attach_file События
attach_file Разное


ID: 4096308406
Add Watch Country

arrow_drop_down