51 ч. назад
Адем Хоџа по трет пат обезбеди пратеничко место во косовскиот Парламент
Во новиот состав на косовскиот парламент, место обезбеди и партијата „Единствена горанска партија“ што е едно од 10-те загарантирани пратенички места за малцинствата, покрај 10-те загарантирани за српското малцинство. Во 120-члениот законодавен дом ќе биде лидерот на партијата Адем Хоџа, дипломиран инженер, кому ова му е трет последователен мандат. Во изјава за МИА, Хоџа вели дека ќе ги промовира културните вредности и обичаи, како и активно ќе работи на формирање на општина Гора во согласност со Уставот и законите на Косово. – Чест ми е што ќе ги претставувам моите Горанци во косовскиот парламент, но во исто време е голема обврска која ќе се трудам, како и до сега, максимално доследно да ја обавувам. Секако главна моја задача во име на сите е подобрување на условите за живеење во областа Гора, зачувување и активно промовирање на нашите културни вредности, обичаи и традиции, како и формирање општина Гора во согласност со Уставот и законите на Косово, изјави Хоџа за МИА. Од партијата...